Намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 од 22,7%


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Согласно новиот извештај на ИЈЗ за состојбата со коронавирусот регистрирано е намалување од 22.7%.

Институтот за јавно здравје во новиот извештај за состојбата со коронавирусот за периодот од 15 до 21 август наведува дека е регистрирано намалување од 22.7% на бројот на новозаразени со Ковид-19 во однос на минатата недела, односно дека се регистрирани 2.686 случаи во 34 градови во државата.

Во последното деноноќие се регистрирани 429 новозаразени со Ковид-19. Во истиот период починало едно лице , а уште четворица се регистрирани преку Мој термин. Починатите биле на возраст од 49 до 82 години. Биле од вкупниот број новозаразени , 95 се реинфекции.