Home Актуелно Почина македонската театарска легенда Љубиша Никодиновски – Биш

Почина македонската театарска легенда Љубиша Никодиновски – Биш

На 73-годишна возраст во Скопје почина Љубиша Никодиновски – Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ).

Никодиновски – Биш како тетарски актер работел во театарот “Кај Свети Никита Голтарот” и во „Тетарската работилница ФФ (Зелена гуска)” како еден од нејзините основачи и како продуцент. Тој бил еден од основачите и генерален секретар и на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско.

Љубиша Никодиновски – Биш се занимавал и со театарска критика и есеистика. Автор е на голем број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 година, во издание на “Магор” излезе од печат и неговата книга “Алтернативниот театар во Македонија”.

Тој извршувал и повеќе раководни функции во областа на театарот. Работел во “Македонскиот народен театар” како продуцент и раководител на театарот “Центар”; во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма. Во 1976 година бил еден од основачите на фестивалот “Млад отворен театар”, а во 2010 година бил прогласен за негов почесен претседател.

Погребот на Биш ќе биде в петок од 9.00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Тејлор Свифт не беше забележана на натпреварот на Канзас Сити против Денвер

Тејлор Свифт, според сè, го пропушти гостувањето на Канзас Сити чифс кај Денвер бронкос. П…