Дали по 3 недели брачен живот Бен Афлек и Џеј Ло го ставија бракот „на пауза“?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славниот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек ги разменија брачните завети пред само три недели. Но, иако нивната љубов делуваше прилично идилично за јавноста, изгледа дека на новопечената брачна двојка не и цветаат рози, барем според пишувањето на странските медиуми.

Имено, актерот и пејачката веќе решиле да се разделат, односно да поминат малку време на пауза. Тие, наводно, сакаат да поминат некое време разделени по нивниот интензивен меден месец за да се фокусираат на своите кариери.

Странските медиуми тврдат и дека латино дивата и четири години помладиот актер веруваат дека овој потег ќе им користи на долг рок и ќе помогне да се спаси нивниот брак. Тие, всушност, сакаат да се дистанцираат за да не се изгуби магијата меѓу нив и повеќе да се посакуваат еден со друг.

„Секогаш разговаат, си праќаат пораки, се слушаат на Facetime кога се разделени и работат. А времето на разделеност ја прави повторната средба многу подобра. Џенифер знае дека нејзиниот сопруг ќе биде покрај неа без оглед на сè. Да се биде разделен толку брзо по венчавката не е идеално. Но, тие знаат дека го имаат целиот живот пред себе и уживаат во секоја минута од патувањето“, рекол извор близок на парот.

Овие наводи не се потврдени од Џеј Ло или Афлек, а корисниците на социјалните мрежи развија нова теорија за ваквата пауза меѓу парот. Имено, корисниците на Твитер тврдат дека Лопез барала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол.

Да потсетиме, сопружниците се венчаа на интимна церемонија во Лас Вегас, откако ја обновија својата романса речиси 20 години по раскинувањето.

Во текот на нивниот меден месец по Европа, Џеј Ло беше видно насмеана и расположена на сите фотографии што ги објавија светските медиуми, додека Бен Афлек изгледаше изморено и нерасположено. На една од фотографиите беше уловен како спие на палубата на јахтата, а на друга како плаче на вечерата со Џенифер.

Твитерџиите коментираа: „Веројатно бил пијан и се онесвестил“, „Зошто спие на стол кога има кревет зад него“…