Home Актуелно Нови 693 случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа

Нови 693 случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 693 нови случаи на коронавирус, а двајца луѓе починале сите, соопшти Министерството за здравство.

Од новите случаи, 255 се во Скопје, во Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20…

Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции. Направени се вкупно 1.480 тестирања.

Хаос на аеродромите – авиоиндустријата ги трпи последиците од пандемијата
Регистрирани сe 826 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 4.243.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројката на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…