Home Вебкафе Барса со свадби на Камп Ноу ќе се спасува од милионските долгови

Барса со свадби на Камп Ноу ќе се спасува од милионските долгови

Менаџментот од фудбалскиот клуб Барселона објави дека достапни се различни пакети кои паровите можат да ги изберат за да организираат прослава на познатиот стадион.

Најевтината опција која е во Фондацијата салон чини 1.600 евра и е најпогодна за мала свадба со 25 до 50 луѓе. Најскапата опција е на трибината, која нуди излези со поглед на теренот.

Може да прими од 300 до 1.000 луѓе и може да се резервира по цена од 13.500 евра. Постои и опција да се резервира тераса на Камп Ноу која чини помеѓу 6.000 и 7.000 евра, во зависност од посетеноста. Тоа им овозможува на гостите одблизу да го разгледаат стадионот.

При купување на одреден пакет, паровите добиваат шест часа користење на избраниот простор и помош од водител.

Покрај свадбите, на навивачите им се нуди и можност да играат на теренот. Помеѓу 6 и 11 јуни, тие можат да платат 300 евра за еден час игра на Камп Ноу, а пријателите и семејството можат да го гледаат нивниот натпревар на стадионот доколку платат дополнителни 30 евра.

Инаку, Барселона е во финансиски проблеми и неодамна најавија дека пред 30 јуни мора да остварат приходи над 500 милиони евра за да ги надоместат загубите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …