Денеска ќе има пресуда за случајот „Талир 2“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска во 12:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот „Талир 2“, најави вчера судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го води овој предмет.

Вчера со завршните зборови на второобвинетиот Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата и на бранителите на Никола Груевски заврши главната расправа за предметот. Обвинителството во случајот „Талир 2″ во тек на судењето за овој предмет не презентираше никакви докази против првообвинетиот Никола Груевски, смета адвокатот Горан Каркински, кој беше назначен по службена должност да го брани првоообвинетиот Груевски.

Во „Талир 2“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи. Застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.