Home Спорт Со еден сомнителен пенал и феноменален „голазо“ за крај во продолженија – Интер конечно го освои Купот на Италија

Со еден сомнителен пенал и феноменален „голазо“ за крај во продолженија – Интер конечно го освои Купот на Италија

Тимот на Интер го освои италијанскиот Куп откако после продолженија беше подобар од Јувентус (4:2).

Интер одлично го започна мечот и брзо дојде до водство уште во 6-та минута со фантастичниот гол на Барела. До крајот на полувремето Јувентус имаше неколку добри шанси, но не успеа да постигне гол.

Во вториот дел „старата дама“ успеа да направи пресврт во само три минути со головите на Алекс Сандро и Влаховиќ и тој резултат беше активен се до 80-та минута.

Тогаш Бонучи го фаулираше Мартинез во казнетиот простор, а прецизен од белата точка беше Чалханоглу, кој погоди за 2:2 и го однесе мечот во продолженија.

Во првото продолжение Перишиќ постигна два брзи гола, едниот од пенал и му донесе трофеј на „нероаѕурите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…