Сончев четврток со температури до 29 степени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималната дневна температура во Скопје ќе достигне до 29 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 21, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 27, Дојран 29.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец и максимални дневни температури од 21 до 32 степени.