Надал не закажа полуфинална класика во Мадрид – елиминиран од Алкараз кој ќе му се спротивстави на Ѓоковиќ


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Љубителите на тенисот нема да гледаат тениска класика во Мадрид, откако Рафаел Надал беше елиминиран од Карлос Алкараз кој сега во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Алкараз одигра фантастични два сета, првиот и третиот, па заслужено ќе се бори за финале со Новак. Првиот сет „тениското чудо“ го доби со 6:2 во гемови. На почетокот на вториот заработи мала повреда, интервенираше лекарската екипа, а дали тоа имаше некакво влијание или не Рафа тој сет го доби со 6:1.

Во третиот сет Алкараз одново го врати високото ниво на игра и констатно беше во водство, а на крајот победи со 6:3 во гемови.