Home Спорт Италијанските медиуми тврдат: Дибала се сели во Милано

Италијанските медиуми тврдат: Дибала се сели во Милано

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Како што е познато Дибала го напушта Јувентус на крајот на сезоната како слободен агент, откако двете страни одлучија да ги прекинат преговорите за продолжување на договорот.

Иако првично се мислеше дека нема да се пресели во директен ривал, сепак на крајот одлучи да остане во Италија и да се пресели во Милано.

Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ја искористил ситуацијата и започнал преговори со агентот на Дибала.

Интер сака да го донесе Дибала без обештетување, а да го продаде Лаутаро Мартинез за 70 милиони евра и така да ги финансира другите летни трансфери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…