Home Спорт Барселона прави „тргни-застани“: Нов пораз од Кадиз за разочарување на домашен терен

Барселона прави „тргни-застани“: Нов пораз од Кадиз за разочарување на домашен терен

По елиминацијата во Лига Европа од Анјтрахт, ново разочарување за Барселона и тоа повторно на домашен терен. Каталонците овојпат загубија од Кадиз во Ла Лига со 1-0.

Барселона влезе како огромен фаворит против Кадиз, но го загуби мечот. Втор шок на Камп Ноу по ред за навивачите на каталонскиот тим.

Единствениот гол се случи по само три минути игра во второто полувреме кога Перез постигна погодок за водство на Кадиз од 1-0, кој значеше и победа.

Играч на мечот беше голманот на Кадиз, Ледесма кој имаше неколку одлични интервенции.

Барселона е на второто место со 60 бодови, колку што имаат и Севиља и Атлетико Мадрид, но Каталонците имаат и меч помалку. Лидер е Реал Мадрид со 75 бода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…