Home Спорт Бензема VS ПСЖ – 3:1

Бензема VS ПСЖ – 3:1

Синоќа, во фантастичен пресврт, Реал Мадрид го победи ПСЖ со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Херој за „кралевите“ беше Карим Бензема кој постигна хет-трик за 17 минути за големо славје во Мадрид и пласман во четвртфинале.

Првото полувреме помина во знакот на Килијан Мбапе, кој беше перманентна закана за „кралевите. Најпрво Куртоа му одбрани два удари, а потоа постигна гол во 40-та минута за водство на ПСЖ.

„Светците“ добро го контролираа мечот до 61-та минута, кога Донарума направи катастрофална грешка и му подари гол на Бензема. Потоа следуваше фуриозен дел на Реал, па за само неколку минути Бензема постигна уште два гола за конечни 3:1.

„Реал Мадрид е жив и никогаш не се предава. Ова е посебна ноќ, горд сум што станав трет најдобар стрелец во историјата на клубот. Но, тука не застанувам. Сакам да постигнувам голови, повторно ип овторно. Благодарност до сите навивачи на Реал“, изјави Французинот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…