Home Спорт Епска финална битка: Со спектакуларен пресврт Надал ја освои рекордната 21. грен-слем титула и испиша нова истоија

Епска финална битка: Со спектакуларен пресврт Надал ја освои рекордната 21. грен-слем титула и испиша нова истоија

Рафаел Надал го освои 21 грен слем во кариерата, откако во финалето на Австралија Опен со спектакуларен спресврт славеше над Данил Медведев (3:2).

Првиот сет започна со одлична борба, но Медведев брзо направи брејк и лесно го освои сетот со 6:2. Во вториот сет гледавме голема борба со по два брејка на двете страни, па на крајот Русинот беше подобар во тајм брејк за високи 2:0 во сетови.

Во тој момент се чинеше дека Надал не може да се врати во мечот, третиот сет беше рамноправен, но на крај Шпанецот успеа да го добие со 3:1.

Во тој момент падна играта на Медведев, уморот беше очигледен, па Надал без поголеми проблеми го освои четвртиот сет (6:4), а потоа и го комплетираше спектакуларниот пресврт за 21 грен слем титула во кариерата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…