Home Актуелно Канадските власти ќе им исплатат вкупно 40 милијарди канадски долари оштета на децата од домородното население

Канадските власти ќе им исплатат вкупно 40 милијарди канадски долари оштета на децата од домородното население

Канада ќе исплати 40 милијарди канадски долари обештетување за домородните деца кои биле одземени од нивните семејства и ставени во системот на социјална помош.

Договорот прредвидува 20 милијарди канадски долари (еден канадски долар чини 42,8 денари) за потенцијално стотиците илјади домородни деца кои биле одземени од семејства и немале пристап или имале проблеми да пристапат до јавните услуги.

Дополнителни 20 милијарди канадски долари се наменети за реформи за социјалната заштита во следните пет години.

Договорот за компензација е постигнат речиси 15 години откако Здружението на канадски староседелци поднесе тужба поради кршење на човековите права.

Канада призна дека нејзиниот систем е дискриминаторски, но постојано одбива да плати компензација и да ги финансира реформите.

Ова е најголем финансиски договор од ваков вид во канадската историја, а конечниот договор мора да биде финализиран до 31 март оваа година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…