Home Вебкафе 55 сина, 8 ќерки и над 120 внуци – што стори бе, друже?

55 сина, 8 ќерки и над 120 внуци – што стори бе, друже?

Албанецот Садри Кортеши, работник во фабрика во Тирана, тврди дека е татко на најмногу деца во неговата земја – 55 сина и 8 ќерки.

Во животот имал 13 партнерки, но во брак бил само со две од нив. Од секое од 63-те деца, кои вели дека ги има, тој додава дека станал по двапати дедо. Значи, оти можеби има повеќе од 120 внуци.

„Сум се оженил со две девојки, но сум имал љубовници во многу градови. Имам 55 синови и 8 ќерки. Навистина имам 63 деца, но бидејќи ми недостигаат докази и правно – техничка документација, на свое име имам 4 деца: 3 со едната сопруга и едно дете со претходната сопруга. Само нивните мајки знаат дека тие се мои деца“, тврди Кортеши за албанската телевизија ТВ Ченл.

„Запрашан кога ќе им ја каже вистината на своите деца, овој жител на Тирана одговара: ‘Оној ден кога ќе дојде ангелот на смртта по мене, тогаш ќе им кажам на моите деца кои се нивните браќа и сестри.“

Таткото на 63 деца денес живее сам. Децата кои ги одгледал заминале во Франција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…