Home Шоубизнис Новото филмско остварување на Спилберг веќе го сметаат за ремек дело

Новото филмско остварување на Спилберг веќе го сметаат за ремек дело

Филмската адаптација режирана од Стивен Спилберг на неговиот омилен мјузикл West Side Story веќе почна да се прикажува во кино-салите во периодот пред католички Божиќ.

Судејќи по првите реакции, се работи за ремек-дело, а пофалбите доаѓаат на сметка на се`, од режијата до улогата на Рејчел Зеглар, на која ова и е филмско деби.

Мјузиклот е премиерно прикажан само неколку дена по смртта на Стивен Сондхајм (кој го напишал текстот во оригиналната продукција), а најголемите пофалби за филмот стигнале од самиот композитор, кој го пофали филмот на Спилберг во шоуто на Стивен Колбер во септември.

„Одлично е. Сите одете да го погледнете. Ќе се забавувате. А вие кои го знаете шоуто, ве очекуваат некои големи изненадувања“, изјавил Сондхајм.

Во филмот играат и Ансел Елгорт, Аријана ДеБозе и Дејвид Алварез. Во помала улога се појавува и Рита Морено, која во 1960-тите доби Оскар за најдобра женска улога во оригинална сцена на мјузиклот на Бродвеј.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …