Home Шоубизнис Ѓоковиќ со поддршка за протестите во Србија против договорот со Рио Тинто

Ѓоковиќ со поддршка за протестите во Србија против договорот со Рио Тинто

Светскиот тенисерски ас и рекет број еден во светот, Новак Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија против законските измени кои според демонстрантите власта ги прави по мерка на гигантот „Рио Тинто“ и проектот за отворање рудник за литиум во областа Јадар.

Тенисерот на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија од масовните демонстрации кои се одржаа завчера.

„Чистиот воздух, водата и храната се клучот за здравјето. Без тоа, секој збор за ‘здравје’ е излишен“, напиша Ѓоковиќ.

Граѓаните на Србија ги блокираа патиштата во повеќе градови откако неколку еколошки организации ги повикаа да го изразат својот протест против Рио Тинто, Законот за експропријација и Законот за референдум и Народна иницијатива.

Протестите беа претежно мирни, освен во Нови Сад, каде што дојде до тепачка во која беа повредени четири лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …