Home Живот и здравје Овие се најновите сознанија кои ги објави СЗО за „омикрон“ варијантата

Овие се најновите сознанија кои ги објави СЗО за „омикрон“ варијантата

Варијантата Омикрон ќе се шири, најверојатно, на меѓународно ниво, што би можело да претставува „многу висок“ глобален ризик, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Но, како што се нагласува во најновото соопштение, сè уште не е јасно дали Омикрон е попренослив ( полесно се пренесува од човек на човек) во споредба со останатите варијанти, вклучително и Делта.

Бројот на луѓе заразени со оваа најнова варијанта не е зголемен во делови на Јужна Африка каде истата е откриена, a во тек се епидемиолошки студии за да се разбере дали тоа е токму поради Омикрон или и поради други фактори.

– Омикрон има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата, нагласуваат од СЗО.

„Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон се оценува како висок“, додаде СЗО.

Првата препорака до земјите-членки на оваа организација е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, а наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.

СЗО ги охрабрува земјите да придонесат за собирање и споделување на податоци за хоспитализирани пациенти преку Платформа за клинички податоци на СЗО COVID-19 за брз опис на клиничките карактеристики и исходите кај пациентите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…