Home Вебкафе Го снимиле како вози 306 км/час и нема да плати казна за тоа – еве во што е финтата

Го снимиле како вози 306 км/час и нема да плати казна за тоа – еве во што е финтата

Белгиецот, кој во октомври минатата година возел над 300 км/ч на автопатот Е313 меѓу Антверпен и Лиеж, нема да ги трпи последиците. Имено, иако камерата го снимила како вози точно 306 km/h на делницата каде максималната дозволена брзина е 120 km/h, за него нема казна.

Причината е од техничка природа, односно, подобро кажано, причината е ограниченост во сертификатот на самата мобилна камера. Имено, камерата NK7 управувана од радар била одобрена за отчитување на брзини до максимални 300 km/h, а сето над тоа не се зема предвид и не може да биде основа за одредување на казна. Така вели т.н. кралски декрет, што го потврдиле и надлежните служби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …