Мате чести благо за сите вработени – пресечена лентата за брендот „Бугати Римац“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од синоќа и официјално „Римац автомобили“ ги здружи силите со „Бугати“ под брендот „Бугати Римац“, технолошки и бизнис потег кој беше најавен неодамна.

Мате Римац на својот Фејсбук-профил објави дека, по повод новата ера на неговата компанија, на сите локации на новата фирма во Хрватска и Франција, вработените добиле спој од хрватски и француски торти и дел од народните кујни.

„Решивме да го засладиме првиот ден на Бугати Римац. Во текот на денешниот ден на сите наши места во Хрватска и Франција ќе се служи слатка комбинација од хрватски и француски колачи. Спојот на двата колача ги претставува двете различни култури коишто сега се на нивниот заеднички пат“, се вели во пораката.

Вработените во Франција, патем, имаа можност да пробаат кремшнит-колач, „меѓумурска гибаница“ и балкански феферонки.