Home Живот и здравје В недела повторно ги поместуваме часовниците – почнува зимското сметање на времето

В недела повторно ги поместуваме часовниците – почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува в недела во 3:00 часот со поместување на времето за еден час наназад, сметајќи се како 2:00 часот, информираат од Бирото за метрологија.

Летното сметање на времето во 2021 година се завршува на 31 октомври во 3:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3:00 часот се смета како 2:00 часот.

– Часот кој на 31 октомври 2021 годинa, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува првиот пат како час 2А, а втотриот пат како час 2Б, се вели во соопштението од Бирото за метрологија.

Одлуката е објавена во Службен весник на Република Македонија број 68 од 25 март 2021 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …