Home Спорт Донарума се расплакал во соблекувалната поради свирежите кои ги доби на Сан Сиро

Донарума се расплакал во соблекувалната поради свирежите кои ги доби на Сан Сиро

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума синоќа се врати на Сан Сиро во дресот на италијанската репрезентација, прв пат после неговиот трансфер во ПСЖ.

Навивачите кои беа присутни на вчерашниот натпревар од самиот почеток испраќаа свирежи за Донарума. Тие се бесни на него поради одбивањето да го продолжи договорот со Милан и преселбата во ПСЖ.

Селекторот Роберто Манчини после натпреварот застана во одбрана на Донарума, а италијанските медиуми пренесуваат дека Донарума многу тешко го поднел приемот на Сан Сиро.

Имено, после натпреварот младиот голман плачел во соблекувалната поради свирежите на неговите поранешни навивачи, кои не му го простија трансферот во ПСЖ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…