Home Актуелно Отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир „симболично одбележано“ со истрели од пиштол (снимка)

Отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир „симболично одбележано“ со истрели од пиштол (снимка)

Отворањето на штабот на ДУИ во Чаир за претстојните локални избори беше проследено со овации, аплауз и пукање.

Пред присутните се обратиле првиот вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир Висар Ганиу и пратеникот, потпретседател на ДУИ и ексградоначалник на општината, Изет Меџити, пренесува ПлусИнфо.

Како што може да се види од видеото, симпатизерите кои присуствувале на отворањето на изборниот штаб бурно го поздравуваат Меџити, ракоплескаат, го извикуваат неговото име и на крај го поздравуваат со рафална стрелба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…