Home Вебкафе Хаос на квалификацискиот дуел меѓу Аргентина и Бразил – здравствени агенти апсеа фудбалери на терен

Хаос на квалификацискиот дуел меѓу Аргентина и Бразил – здравствени агенти апсеа фудбалери на терен

Јужноамериканското дерби помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за пласман на СП е прекинато поради прекршување на протоколите за Ковид.

Имено, Бразил наложува карантин за сите патници од Британија, а со оглед дека во селекцијата на Аргентина има четворица играчи кои доаѓаат од Премиерлигата беше утврдено дека го прекушиле протоколот.

Станува збор за играчите на Аргентина, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијан Ромеро и Еми Буендиа кои наводно дале погрешни информации, а кога им биле проверени пасошите било утврдено дека не го испочитувале протоколот.

Агенти на министерството за здравство влегоа на терен во почетните минути и тргнаа да ги „ловат“ споменатите играчи.

Натпреварот беше најпрво прекинат, а потоа ФИФА одлучи истиот да не продолжи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…