Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, понеделник, 6. септември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 28 Целзиусови степени: Скопје 25, Маврово 16, Охрид 21, Битола и Крива Паланка 23, Берово 20, Кавадарци 26, Дојран 28.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен североисточен ветер, а дневните температури ќе се движат од 19 до 28 степени.