Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје од ДОМ и ЛДП, доктор Пановски носител на советничка листа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Предизборната коалиција на ДОМ и ЛДП денеска го претстави пејачот Бени Шаќири за нивен кандидат за градоначалник на Скопје, додека носител на советничката листа ќе биде познатиот микробиолог, доктор Никола Пановски.

-Јас, како активен учесник во рушење на еден режим, дадов глас и се залагав сесрдно да помогнам да се менуваат работите на подобро. Јас, како граѓанин на Град Скопје, сум лично изневерен. Така што, мислам дека треба да се обидеме сите заедно да направиме барем нешто што може да нè натера да успееме да го направиме овој град достоинствен за живот. Какви се денеска состојбите мене воопшто не ми се допаѓа и токму тоа е мојот мотив да се вклучам во овој процес, па макар и изгубил. Но, се разбира дека секој од нас оди понатаму, оди напред и се труди да дојде до победа. Без вас оваа наша намера нема да значи ништо, затоа ве молам да се приклучите на движење на ДОМ и ЛДП ‘Одлучно за промени’. Доста молчевме и доста дозволувавме да доаѓаат маргиналци, да нè водат во пропаст. Конечно на Скопје му треба нормален градоначалник и нормален прв човек и носител на листа во Советот на Град Скопје, рече Шаќири на промоцијата.

Според претседателот на ЛДП, Горан Милевски, се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè.