Реклама за Emirates Airline на врвот од Бурџ Калифа (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Авиопревозникот UAE Emirates Airline неодамна објави видео со цел да „прослави“ за тоа што Емиратите се најдоа на таканаречената „килибарна листа на патување“ на Велика Британија.

Кога станува збор за интернационални летови до Британија, патниците кои ќе долетаат од државите на оваа листа треба поминат 10 денови во карантин.

Претходно Емиратите се наоѓаа на „црвената листа“, односно оттаму до Британија можеа да летаат само Британци, па авиокомпанијата навистина имаше повод за прослава.

Но она што привлече најмногу внимание е видеото објавено од авиокомпанијата. На видеото се гледа стјуардеса качена на врвот на Бурџ Калифа, на височина од 820 метри, која држи транспаренти со натпис:

„Тоа што Емиратите се наоѓаат на килибарната листа на Британија прави да се чувствуваме како да сме на врвот на светот“.

Видеото беше претставено и како „највисоко снимена реклама на сите времиња“.

Сепак, кратко по објавувањето, јавноста почна да ја критикува авиокомпанијата дека лаже и дека рекламата е снимена во студио, со зелен екран.

Сега, пак, сакајќи да ѝ докаже на јавноста дека не станува збор за никакви специјални ефекти, од компанијата споделија и видео на кое покажуваат како се одвивало снимањето.

Ова значи дека стјуардесата, односно моделот кој глуми стјуардеса, навистина се искачила до врвот на Бурџ Калифа.

Во второто видео можете да видите дека стјуардесата има безбедносни јажиња под облеката, а искачувањето од 160-тиот кат до врвот на зградата траело повеќе од еден час.

Рекламата, пак, е снимена само со еден дрон. Во видеото е нагласено и дека за рекламата било потребно многу планирање, како и следење строги протокли за безбедност.