Home Актуелно Цела агонија на опожарениот грчки остров Евиа во една фотографија

Цела агонија на опожарениот грчки остров Евиа во една фотографија

Целокупната агонија која жителите на грчкиот остров Евиа ја доживуваат и преживуваат поради пеколните јазици на пожарите кои беснеат таму симболично, но и буквално се доловени со една фотографија.

Сликата на која е фотографирана една повозрасна жителка на Евиа, го доловува целиот ужас и безнадежност што жителите на Грција во моментов го чувствуваат во загрозените области на вториот по големина грчки остров. Повозрасна жена е фотографирана пред нејзиниот дом во Евиа, кој исчезнува во огнената стихија. Фотографијата е објавена на Инстаграм – профилот World Union Greece на кој се објавуваат фотографии од сите делови на Грција.

Според последните информации, 570 пожарникари се борат со пожарот на Евиа. Борбата продолжила и во текот на ноќта, а досега, еден пожарникар загина, додека над 20 лица се тешко повредени. Тие се испратени на лекување во болница.

Неименуван локален службеник ги спореди пожарите со библиска катастрофа, додека некои државници побараа дополнителна помош.

Повеќе од 850 пожарникари, 40 копнени екипи, три авиони, шест хеликоптери и 215 возила работат на гаснење на пожарот северно од Атина, соопшти Цивилната заштита, додавајќи дека во гаснењето на пожарот се вклучени пожарникари од Франција, Кипар и Израел.

И Србија, исто така, испрати помош за Грција. Се работи за специјална единица од 37 припадници со 14 возила и три хеликоптери во Грција за да им помогнат на колегите и граѓаните на островот Евиа во борбата против пожарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …