Home Актуелно Од среда температури над 40 Целзиусови – следува нов топлотен бран

Од среда температури над 40 Целзиусови – следува нов топлотен бран

Од денеска, 26. јули, до крајот на оваа седмица, под влијание на топла воздушна маса од југ, во Македонија времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

„Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен“, соопшти УХМР.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во северозападните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во интервал од 32 до 38 степени и УВ-индексот со вредност 8.

Во Скопје денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец и температура до 37 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…