Home Актуелно Сончева и топла недела

Сончева и топла недела

Денеска, недела, 25. јули, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен, претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени. Маврово 26. Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 31, Берово 30, Кавадарци 33, Дојран 37.

УХМР најавува дека следува период на стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица.

Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 34 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…