Home Вебкафе Кај ги пикна бе, друже?

Кај ги пикна бе, друже?

„Кралот на хот-договоте“, како што го нарекуваат Џои Чеснит, го надмина сопствениот рекорд во брзо јадење на сендвичи со виршла, изедувајќи 76 хот-дога на годишниот натпрева во Нејтан.

Ова е негова 14-та победа во натпреварувањето. 37-годишникот од Калифорнија ја надмина својата минатогодишна победа изедувајќи уште една виршла. Организаторите рекоа дека неговиот потфат на 4. јули, кога САД ја слават својата независност, соборил светски рекорд.

Во конкуренција на жени победила 37-годишната учителка Мишел Леско од Аризона која проголтала нешто помалку од 31 виршла. Сепак, таа била далеку под светскиот рекорд на жени поставен од Мики Судо минатата година со 48,5 виршли изедени за 10 минути.

Натпреварот постои од 1972 година и се одржува секоја година по повод Денот на независноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…