Home Вебкафе Поголема немате видено и – да, вистинска е

Поголема немате видено и – да, вистинска е

На универзитетот во Јорк една патка е со натпросечна големина во споредба со останатите и со својата појава го привлекува вниманието кај минувачите оставајќи ги зачудени.

Лонг Бои е хибрид од дива патка и индиска тркачка патка, а висока е 70 центиметри.

Иако нејзиното потекло и понатаму е тајна, патката е вистински хит на кампусот. Таа има и свој Инстаграм профил, кој го водат студентите од 2019 годона а дури има и своја линија на гардероба па нејзините фанови можат да купат маица со нејзиниот лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Long boi (@longboiyork)

Поради необичниот изглед на оваа висока патка, многу луѓе не можат да поверуваат дека е вистинска, а еден корисник на Твитер напиша дека најверојатно е највисоката патка која некоаш живеела.

Сепак, Лонг Бои во споредба со индиските тркачки патки е со очекувана висина затоа што тој вид патки можат да достигнат и до 80 центиметри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …