Home Актуелно На YouTube објавена снимка од разговор на осудени за 27 април кои наводно спремаат ликвидација на Заев

На YouTube објавена снимка од разговор на осудени за 27 април кои наводно спремаат ликвидација на Заев

На аудио-снимка во траење од шест минути – разговор меѓу две лица за кои во насловот се тврди дека се Јане Ченто и Горан Ќосето, двајцата осудени за упадот во македонското собрание на 27 април, прикачена на мрежата „Јутуб“, се слуша најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија, објави „А1он“.

Според мејлот кој го добиле од а1он и насловот на разговорот, се тврди дека на снимката наводно разговараат двајца од осудените за „27 април“.

Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…