Home Актуелно Авионите на Боинг се распаѓаат во лет

Авионите на Боинг се распаѓаат во лет

Метални делови од авион на компанијата Боинг паѓаа од небото во Холандија и предизвикаа штети и повреди на две лица во едно холандско село, каде жителите беа исплашени и испаничени од глетката која ја виделе.

Жителите на холандското село Мерсен беа шокирани откако повеќе метални делови од авион паднаа од небото, оштетувајќи автомобили и куќи, а полесно се повредени една жена и дете.

Авионските делови се од товарното летало Боинг 747-400, кое во саботата исчезна откако во 16 часот полета од аеродромот Мастрихт кон Њујорк.

Очевидци тврдат дека слушнале силни удари и виделе пламен како излегува од еден од левите мотори на авионот, по што почнале да бегаат во засолниште, а метални делови паѓале насекаде низ селото.

Неколку автомобили и покриви на куќи се оштетени од вжештениот метал кој паѓал од небото.

Авионот итно слетал во Лиеж во Белгија.

Аеродромската полиција и холандскиот Одбор за безбедност започнале истрага, во обид да утврдат што се случило.

Сличен инцидент се случил и во САД, исто така во саботата, кога се запалил мотор на авионот Боинг 777 на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а делови од леталото паднале во предградие на Денвер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…