Home Шоубизнис Циндриќ со хуман гест: Ја нуди куќата за сместување за оние кои ги изгубија домовите во земјотресот

Циндриќ со хуман гест: Ја нуди куќата за сместување за оние кои ги изгубија домовите во земјотресот

Силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала кој вчера ја погоди Хрватска, ги крена на нозе сите Хрвати, како и останатите соседни народи на Балканот.

Градот Петриња, близу кој беше епицентар на разорниот земјотрес, претрпе најмногу штета, а после тоа цела Хрватска се крена на нозе и тргна да им помогне на загрозените.

Навивачите од цела Хрватска дојдоа во Петриња, Сисак и околните села, како и бројни спортисти како Дејан Ловрен и Мате Ковачиќ.

Ним им се придружи и ракометарот, кој играше и во екипата на Вардар, Лука Циндриќ, кој понуди сместување во својата куќа во Огулин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …