Home Шоубизнис Ѕирнете во луксузната вила од 2,7 милиони долари со која се поднови Лука Дончиќ

Ѕирнете во луксузната вила од 2,7 милиони долари со која се поднови Лука Дончиќ

НБА ѕвездата на Далас, словенскиот кошаркарски ас Лука Дончиќ, инвестираше во нова недвижнина.

Дончиќ се поднови со нова луксузна вила во Далас вредна 2,7 милиони долари. Вилата која е изградена во далечната 1984 година се простира на повеќе од 500 квадратни метри.

Новиот дом на Дончиќ во Далас има огромен базен во дворот, теретана, а внатрешноста е средена до најситни детали.

Лука Дончиќ со овој потег покажува дека не размислува да ја менува средината, младиот Словенец со Далас инаку потпиша тригодишен договор кој му гарантира заработка од 22 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Промени во актерската екипа на „Бриџертон“ сезона 5: Големо заминување, многу враќања и главна улога сведена на камео

Се очекува петтата сезона на „Бриџертон“ да дебитира следната година, а ние ги имаме сите …