Home Шоубизнис Тамара решила да ја истетовира строфата од македонската химна која ја прескокна на изведбата со која крена прашина во јавноста

Тамара решила да ја истетовира строфата од македонската химна која ја прескокна на изведбата со која крена прашина во јавноста

Македонската пејачка Тамара Тодевска, на гостувањето во забавната емисија „Бекстејџ“, говореше за работи од приватниот живот, за моменталната состојба со која се соочуваат македонските изведувачи во текот на пандемијата, за грешката што ја направи при изведувањето на химната.

Своевремено, кога го направи пропустот (таа тврди ненамерно, најголем дел од јавноста беше упорна дека намерно ја прескокна строфата од химната), Тамара изјави дека нема да си прости за тоа, но, дека образот ѝ е чист.

Тамара изјави дека ќе ја истетовира химната, и тоа токму онаа строфа којашто ја заборави. Потенцира дека не сака да ја мразат без причина.

За потсетување, на прославата на Дeнот на нeзaвиcностa на САД во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска ја испеа македонската химна при што не ја интерпретираше строфата со стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…