Home Актуелно Три лица убиени со нож, од кои едно обезглавено, во францускиот град Ница

Три лица убиени со нож, од кои едно обезглавено, во францускиот град Ница

Во напад со нож извршен во францускиот град Ница три лица беа брутално убиени, објави полицијата. Градоначалникот Кристијан Естроси изјави дека сѐ упатува на тоа дека станува збор за терористички напад, кој се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот.

Полицијата соопшти дека една жена е обезглавена и дека напаѓачот е уапсен.

„Напаѓачот постојано извикуваше ‘Господ е голем‘ додека беше приведуван од полицијата. Еден од убиените е чувар во базиликата“, кажа Естроси.

Нападот следува неполни две недели по бруталното убиство на учителот Самуел Пати во париско предградие, кој исто така беше обезглавен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…