Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој октомвриски петок времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната температура од 15 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени. Маврово 15, Охрид и Битола 21, Крива Паланка и Берово 17, Кавадарци 22, Дојран 24.

До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури кои во сабота и недела понекаде ќе бидат на неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…