Home Актуелно Велешанка утрово се породи во такси возило – бебето е здраво и во добра состојба

Велешанка утрово се породи во такси возило – бебето е здраво и во добра состојба

Велешанка утрово околу 7 часот се породила во такси возило, во дворот на Велешката болница.

Кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри.

-Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение. Бебето е машко, тешко 3,2 кг долго 50см. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба“, соопштија од Велешката болницата..

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…