Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна клиника поради симптоми на коронавирус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска беше примен и хоспитализиран на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје, „Мајка Тереза”. Информацијата за „360 степени” ја потврдија и од неговата матична партија, ДУИ.

Талат Џафери бил негативен на тестот за ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.

Талат Џафери на 21 јули изјави дека се тестирал за ковид-19 и дека тестот му е негативен.

Најави дека ако треба ќе направи уште еден тест пред одржувањето на конститутивната седница на Собранието. Во истиот текст беше пренесен и неговиот став дека по консултација со Комисијата за заразни болести,ќе се знае дали и новите пратеници ќе треба да се тестираат пред почнувањето на пратеничкиот мандат