Home Актуелно Фејсбук загуби 56 милијарди долари на вредност заради откажувањето на рекламите на голем број компании

Фејсбук загуби 56 милијарди долари на вредност заради откажувањето на рекламите на голем број компании

Изминатиот период над 90 големи компании донесоа одлука да престанат да се рекламираат на „Фејсбук“ поради говорот на омраза на социјалната мрежа. Овој потег резултираше со намалување на вредноста на медиумската и социјална платформа за околу 56 милијарди долари. Богатството на Марк Закерберг е намалено за 7,2 милијарди долари и сега изнесува 89,5 милијарди долари.

Акциите на „Фејсбук“ паднаа за над 8%, а оние на „Твитер“ за 7% во петокот откако компанијата „Унилевер“ изјави дека нема да се рекламира на социјалните мрежи барем до крајот на годината. Компанијата изјавила дека ги бојкотира социјалните мрежи во форма на протест поради говорот на омраза кој се шири на нив. Од компанијата велат дека поделеноста во САД поради претстојните претседателски избори им дава одговорност на брендовите да дејствуваат.

Подоцна истиот ден „Кока-Кола“ објави дека нема да се рекламира на социјалните мрежи најмалку 30 дена.

– Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните мрежи – изјавил Џејмс Квинси, генерален извршен директор на „Кока-Кола“. „Хонда“, исто така, нема да се рекламира на „Фејсбук“ во јули, а на листата со компании што ја бојкотираат социјалната мрежа се и „Верајзон“, „Патагонија“, „Норт Фејс“ и РЕИ.

Закерберг претходно беше критикуван дека не презел ништо во врска со контроверзни објави на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека луѓето заслужуваат да добијат „нефилтрирани“ објави од политичките лидери. „Твитер“, од друга страна, ги означува објавите на претседателот во кои има лажни изјави.

Од „Фејсбук“ во петокот изјавиле дека ќе забрануваат повеќе содржини на мрежата во кои има говор на омраза и ќе ги означуваат објавите со проверени факти.

Овој месец Закерберг најави и опција за блокирање на сите политички реклами на социјалната мрежа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…