Home Вебкафе Манастирска женска кошарка

Манастирска женска кошарка

За време на паузата од шиење заштитни маски за превентива од коронавирусот, во еден манастир во Севилја, монахињите играа кошарка.

„Никогаш не сум видел такво нешто, монахињи кои играат кошарка. Денес го посетив манастирот Сан Леандро каде ги видов како играат кошарка“, напиша шпанскиот новинар Алехандро Авила, кој воедно објави и слика на Твитер.

Додека кошаркарските sвезди ширум светот седат дома поради епидемијата од коронавирусот, монахињите во манастирот најдоа начин да се забавуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…