Home Шоубизнис Леонардо ДиКаприо и новото електрично Фиќо – тандем од соништата

Леонардо ДиКаприо и новото електрично Фиќо – тандем од соништата

Новата електрична верзија на славниот модел Фиат 500 официјално беше претставена во среда на 4 март, а во првите промотивни видеа се појавува славната холивудска ѕвезда и оскаровец Леонардо ДиКаприо.

Италијанскиот произведувач го повикал ДиКаприо да учествува во промоцијата на новиот „Фиат 500“ на струја, со оглед на тоа дека оваа холивудска ѕвезда е посветена на борбата против климатските промени и одбраната на биодиверзитетот веќе подолго од 20 години.

Видео кампањата наречена „All-In“ (Вложи сè), која е објавена на YouTube, посветена е на првата серија на моделот 500,„La Prima“ и го вклучува Леонардо ДиКаприо кој ги повикува сите да се посветат во борбата против климатските промени. „Мораме да вложиме сè“, вели Дикаприо во видеото.

Другото видео, насловено „Реинкарнација“, говори за брендот кој се трансформирал низ годините и и ги инспирирал промените во автомобилската идустрија од 1957 година, како што се истакнува во спотот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…