General Motors со 20 милијарди евра во „напад“ против Tesla и другата конкуренција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршната директорка на General Motors, Мери Бар, минатата среда објави дека автомобилскиот гигант ќе направи развојна инвестиција „тешка“ 20 милијарди долари за развој на електрични и автономни возила, со цел да се наметне како сериозен конкурент и „играч“ во овој сектор од автомобилскиот светск пазар.

Планирано е таа инвестиција да се реализира до 2025 година и претставува директен предизвик за Tesla.

General Motors планира да ги намали трошоците за батериски ќелии со помош на својата нова Ultimate технологија на помалку од 100 долари за киловат-час.

Според Бар, така General Motors ќе стане профитабилен со преминување на модуларни компоненти на електрични возила, вклучително сетови за батерии и мотори.

Акциите на GM по таа објава скокнаа 1,8 проценти на 31,05 долари по акција.