Home Шоубизнис Коби и Џиана Брајант погребани на приватна погребна церемонија

Коби и Џиана Брајант погребани на приватна погребна церемонија

Прерано и трагично загинатата кошаркарска НБА легенда Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана биле погребани минатиот петок на приватна погребна церемонија во Оринџ Каунти, Калифорнија.

Семејството Брајант се одлучило за приватен погреб, далеку од очите на јавноста. Чинот се случил на 7 февруари, две недели по трагичната хеликоптерска несреќа.

„Ванеса и семејството сакаа приватна церемонија. Чинот беше исклучително тежок за сите, сè уште им е тешко да сфатат дека ги загубиле нивните две прекрасни души“, изјави извор за „Ентертејмент Тунајт“.

Јавна комеморација е планирана за 24. февруари во Стејплс Центарот, датум кој е поврзан и со Коби и со Џиџи. Февруари е вториот месец од годината и го претставува бројот на дресот на Џијана 2. 24 е еден од двата броја на Коби Брајант.

Комеморацијата на 24 февруари ќе биде во чест на сите девет жртви од несреќата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…