Home Спорт Роналдо денес полни 35 години, легендата продолжува…

Роналдо денес полни 35 години, легендата продолжува…

Португалскиот ас Кристиано Роналдо денес слави 35 години, но е далеку од ветеран и се уште блеска на терените како да е во најдобрите фудбалски години.

И покрај тоа што некои фудбалери на 35-годишна возраст веќе ја завршиле кариерата, Роналдо игра во врвна форма и е носител на играта на италијанскиот шампион. Претходно, тој испиша историја со игрите во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Трикратен шампион е на Англија, двократен шампион на Шпанија, шампион на Италија. Пет пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати Клупското светско првенство, двапати Суперкупот на УЕФА.

Како дел од репрезентацијата на Португалија, стана шампион на Европа и победник во Лигата на нации. Пет пати ја има освоено Златната топка. Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите (128 гола на 168 натпревари).

Роналдо е роден на 5 февруари 1985 година во градот Фуншал на островот Мадеира. Првите фудбалски чекори ги прави во Спортинг Лисабон, а фудбалската афирмација ја доживеа во Манчестер Јунајтед.

Роналдо е еден од најтрофејните фудбалери во историјата, а според многумина и најдобриот во историјата…Среќен роденден!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…