Home Шоубизнис Заработка од скоро 13 милијарди долари во еден ден – тоа го може само Џеф Безос

Заработка од скоро 13 милијарди долари во еден ден – тоа го може само Џеф Безос

Изминатиот четврток вредноста на акциите на гигантот „Amazon“ во само еден ден порасна за над 11 проценти, откако компанијата објави дека остварила поголема заработувачка од очекуваната во четвртиот квартал од 2019 година.

Со растот на вредноста на акциите, личното богатство на Џеф Безос, првиот човек на „Amazon“ порасна за приближно 12,6 милијарди долари, објави „CNBC“.

Технолошкиот гигант пријавил заработка од 6,47 долари по акција и вкупни приходи од 87,44 милијарди долари за четвртото тромесечје од 2019.

Аналитичарите очекувале заработка од 4,03 долари по акција и 86,2 милијарди долари приход.

Ненадејното зголемувањето на вредноста ја направи „Amazon“ четврта компанија вредна повеќе од илјада милијарди долари во САД заедно со „Apple“, „Alphabet“иi „Microsoft“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Чајна Филипс и Били Болдвин живеат одделно и отворено зборуваат за тешкотиите во бракот

По повеќе од 30 години заедно, Чајна Филипс и Били Болдвин повторно живеат во одделни домо…