Home Спорт Се е спремно за враќање на легендата: Чави ќе седне на кормилото на Барса

Се е спремно за враќање на легендата: Чави ќе седне на кормилото на Барса

Каталонските медиуми пренесуваат дека генералниот директор на Барса, Оскар Грау и спортскиот директор Ерик Абидал имале средба со легендара на клубот, Чави Ернандес.

Медиумите тврдат дека Валверде ја загубил довербата од раководството и неговата смена е само прашање на време, а Чави е прв избор за негов наследник.

Чави е тренер на катарски Ал Сад и уште во првата сезона го иосвои Суперкупот, а не крие дека еден ден сака да ја води Барселона.

„Не кријам, сон ми е да бидам тренер на Барса. Сум го кажал тоа во неколку наврати и сите знаат дека Барса има посебно место во моето срце“, истакна Чави.

Катарскиот клуб нема да му стои на патот и е спремен да го пушти, па неговото назначување за нов кормилар на Барса е само прашање на време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…