Home Живот и здравје Ставате рака на уста кога кивате? Културно, ама погрешно

Ставате рака на уста кога кивате? Културно, ама погрешно

Веројатно секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација да му дојде за кивање и да сака да го спречи истото. Има една-две финти за д аго направите тоа, но веројатно најчесто безуспоешен е обидот да се спречи кивавицата бидејќи станува збор за рефлексија на организмот за да исфрли дел од токсините.

Притоа, многумина од нас инстиктивно ја покриваат устата со рацете за да не ги исфрлиме во околината микробите кои се наоѓаат во плунката.

Всушност, така нè учеле од мали нозе, во прашање е доброто воспитување и култура. Сепак, според д-р Винсент Хил, таквата навика би требало да ја промениме.

Кога имаме потреба да кивнеме, би требало и устата и носот да ги покриеме со марамче, најдобро со хартиено, еднократно, кое можеме веднаш да го фрлиме.

Ако кивнете во рацете, на пример, во јавниот превоз, на работноро место и слично, лесно можете да ги пренесете вирусите и бактериите на другите луѓе околу себе, бидејќи со рацете ќе ги пренесете и на другите површини.

За среќа, решението е едноставно. Дури и ако немате салфетка при рака, употребете го она што го имате. На пример, најдобар избор е да кивнете во ракавот.

Секако немојте ни тогаш да заборавите да ги измиете рацете, а добра идеја е со сапун да го измиете и подрачјето околу устата, особено ако имате во план да го бакнете детето, партнерот или некој друг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …